Pretsedatel na republika
Makedonija (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 19 | Nivo:
Praven fakultet
Вовед
Највисокиот орган на државата во чии раце е
доверена политичката власт е шефот на државата. Во минатото, шефот на државата
бил врховен орган на државната власт ( таква била положбата на монархот во
апсолутните монархии). Но дене во современето општество, шефот на државата
(било да е поединец, било да е колективно тело) е орган кој има огромен број
овластувања, но не е носител на врховната и правно неограничената власт,
бидејќи таа првенствено му припаѓа на законодавното и/или уставотворното тело.
Во современите држави, шефот на државата како орган има улога да ја претставува
државата како на внатрешен, така и на надворешен план.Според начинот на кој
шефот на една држава доаѓа на таа функција и според правно-политичкиот статус
кој го поседува, може да биде државата монархија или република.
Монархот е физичко лице и тој е поединец.
Најчесто се карактеризира со наследност и останува на власт доживотно. Монархот
се одликува со посебни привилегии по кои се разликува од останатите граѓани, а
се поврзани со неговиот статус и положба. Неодговорноста е уште една
карактеристика што ја поседува монархот, како шеф на држава во монархиите. Врз
него не можат да се применат редовните санкции ако ги прекрши правните норми, и
доколку се случи тоа монархот потпаѓа под други видови санкција – политичка и
морална осуда. Постои поделба на монархиите во зависност од тоа дали целата
власт во државата е сосредоточена во рацете на шефот на државата – монархот или
не т.е тој е само орган на власта. Монархиите се делат наограничени и
неограничени.
Во ограничените монархии шефот на државата
е највисок орган на државната власт. Тој е највисок законодавен, управен и
судски орган. Во државата не постои устав со кој би се контролирала работата на
монархот и би се ограничувале неговите овластувања. Монархот има право да сам
ги донесува највисоките правни акти и да владе без претходно да донесува правни
прописи.
Во ограничените монархии работата и власта
на монархот е ограничена од страна на устав, кој постои како основен
и највисок правен акт донесен од посебен орган. Монархот и понатаму е шеф на
државата, но не е единствен или највисок орган на политичката власт и неговата
работа е ограничена.
Во републиката шефот на државата може да
биде колективен или индивидуален орган. Шефот на државата се карактеризира
со
изборност ( претседателот на републиката
може да се избира од народот на непосредни или општи избори , или од законодавното
тело. Претседателот на републиката најчесто се избира за време од четири, пет
или седум години
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!